Во рамките на активностите се предвидени две тематски работилници кои ќе говорат за: 1. Европската Унија низ призмата на правото и политиките и 2. Борба против насилството.
Говорници на работилниците ќе бидат од редот на академскиот кадар на Правниот факултет и тоа: Дејан Маролов, Ана Никодиновска-Крстевска, Борка Тушевска-Гавриловиќ, Кристина Мишева, Марија Амповска, Елена Максимова, Олга Кошевалиска, Страшко Стојановски со група студенти од Правен факултет. Тематските работилници ќе ги модерира Милица Шутова.
Освен тоа, во фоајето на Правен факултет со почеток во 13.30 часот ќе се отвори Изложба на плакати на студентите од Ликовната академија, со наслов „Насилство врз жените“ #Me too We too!“, под раководство на вон. проф. Јана Јакимовска.