УГД со свој тим на Скопски маратон 2019

Универзитетот „Гоце Делчев“ со своја екипа од професори, вработени и студенти учествуваше на Скопскиот маратон 2019. Екипата на УГД броеше околу 40 членови кои со свои брендирани дресови настапија на трката од 5 километри во делот на тим билдинг.

„Ова е една од активностите на Спортскиот центар и Универзитетот. Целта ни е да се зближат вработените, да имаат заеднички спортски активности и да го мотивираме спортскиот дух кај нашите вработени и студенти. Универзитетот преку целата година организира настани кои значат зајакнување на тимовите во УГД и поврзување на вработените со студените, ова е еден од тие настани“, велат од УГД.

Скопскиот маратон е годишен маратон кој се одржува во мај во Скопје.

Скопскиот маратон за првпат бил одржан во 1997 година, потоа и во 1998 година, но веќе следната година бил откажан главно поради финансиски причини. По деветгодишна пауза, во 2007 година, маратонот бил возобновен со полумаратонска трка и трка на 5000 метри, а потоа во 2008 година целосно обновен и биле одржани три трки: маратон, полумаратон и трка на 5 километри.

Последен пат изменето на Вторник, 07 Мај 2019 15:26
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…