УГД домаќин на младинскиот одбојкарски Фајнал фор

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип беше домаќин на финалниот турнир на Државното првенство во одбојка во младинска конкуренција.

Одбојкарите на „УГД студент“ го освоија третото место победувајќи го во натпреварот за трето место составот на „Џио Струмица“ со 3:0 во сетови. Шампион во машката младинска конкуренција е ОК „Вардар“, кој во возбудлив меч, откако губеше со 0:2 во сетови од „Јанта волеј“, успеа да направи пресврт и да слави со 3:2. Натпреварите се одржаа во Спортската сала „Јордан Мијалков“, каде што се одржаа и натпреварите за пласман од 3. до 5. место во женска младинска конкуренција, а одбојкарките на „УГД студент“ со две победи („Фитфан Скопје“ со 2:1 и „Форца волеј“ 2:0) го освоија петтото место.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…