Настанот се одржува на 10 и 11 мај 2019 год.
- 10 мај - натпреварувачки ден во ќе учествуваат ученици од средните училишта и студенти од факултетите од областа на туризмот и угостителството, со локација во Домот на културата „Ацо Шопов“ - Штип.
- 11 мај - Факултетот за туризам и бизнис логистика, заедно со Радио-кафе „Канал 77“ ќе постават светски рекорд во подготвување на шопска салата која ќе тежи повеќе од 300 кг. Овој настан ќе се одвива во Радио-кафе „Канал 77“ со почеток од 11 часот.
Отворањето на настанот е утре (10.5.2019) во 10.30 часот.