(Видео) Меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“

Започна шестата по ред Меѓународна конференција во организација на Правниот факултет при УГД.

Конференцијата е насловена „Општествените промени во глобалниот свет“ , а годинава има учесници од Русија, Дубаи, Полска, Словенија, Латвија, Хрватска, Србија, Италија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Словачка и од универзитетите во Република Северна Македонија.

  • Конференцијата се организира традиционално секоја година. Се трудиме да опфатиме четири области на правото, медиумите и комуникациите, општество и политика. Целта е научните истражувачи од Македонија, но и од странство да ги изнесат најновите сознанија за овие четири области - изјави доц. д-р Марија Амповска од Правниот факултет при УГД.

На Конференцијата има 60 учесници од Македонија и 40 учесници од странство. Оваа година има учесници дури од Русија и од Дубаи.

  • Мојата тема е конфликтот на генерации и станува збор за интересна и актуелна тема за Македонија, но и за Русија. Генерациите денес живеат во различни времиња и различни простори. Тие имаат дури и различни искуства. Ова е голем проблем на денешното време, но и на иднината. Науката може да го препознае овој конфликт на генерации и мора да се размисли што да се прави. Вака се создаваат тензии во сите сфери на општеството - изјави професорката Татјана Сенушкина од Русија.

Конференцијата се одржува на Правниот факултет и ќе трае два дена. На крајот од Конференијата ќе произлезе и издание каде што ќе се сумираат сите истражувања на различни теми.

Видео

Последен пат изменето на Четврток, 05 Септември 2019 15:23
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…