Настанот ќе се одржи на во вторник (08.09.2019г.) во Кампус 2 на УГД со почеток од 11.00 часот.
Настанот ќе започне со споделување на успешни приказни на досегашните студенти и неформална кафе дружба со нив, Еразмус+ координаторите, претставници од Националната Агенција, како и невладиниот сектор.
На овој настан ќе бидат поканети и студентите од странство за кои ќе се организира посебна церемонија за добредојде на УГД.
Настанот ќе се заокружи со нашите WBAA членови и WBAA обуката каде ќе бидат презентирани резултатите од истата.
Над 1000 различни настани оваа година ќе ги одбележат Еразмус+ деновите во 39 различни држави. До крајот на 2019 година околу 10 милиони граѓани на Европа ќе бидат дел од оваа програма која е започната во 1987 година. Токму тие ќе бидат гласот на #ErasmusDays2019.
На прославата се поканети сите студенти и останати заинтересирани.