Ваков ден се организира во 39 земји низ цела Европа и вкупно околу 1400 настани се организираат по повод еразмус програмата со студентите кои доживеале еразмус искуство надвор од нивната земја, изјави Сања Стефанова од одделението за меѓународна соработка.
Студентите кои се од странство денес го споделија нивното искуство со студентите од Северна Македонија, а македонските студенти го споделија нивното еразмус искуство во земјите надвор од Северна Македонија.
Ја избрав Македонија затоа што на ова гледам како можност да видам друга култура и друг начин на живот. Мислам дека ова е многу добра држава и сите се многу љубезни со нас, изјави студентката Росана Приа, Еразмус студент од Шпанија.
Оваа година има околу 30 студенти од разни земји од Европа кои следниот семестар ќе го поминат на УГД.
Дојдов овде затоа што мислам дека е драстично различна од нашата држава и сметам дека ќе биде многу интересно да се студира овде, вели Леди Квадрадо од Шпанија.
Конкурсот за Еразмус е отворен до 10 октомври, а УГД има соработка со преку 300 универзитети од Европа.