ФТБЛ на 10. Регионален форум за здравствен, велнес и спа туризам во Белград

Десеттиот регионален форум за здравствен, велнес и спа туризам, што се одржа на 22 октомври во хотелот „Холидеј ин“ во Белград, собра учесници, предавачи и експерти за велнес и спа туризам од 10 европски држави.

За време на бројните предавања и презентации посетителите можеа да слушнат како најдобро може да се поврзат културното наследство и здравјето, велнес и спа туризмот. Од Факултетот за туризам и бизнис логистика на форумот учествуваа проф. д-р Тања Ангелкова-Петкова и ас. м-р Цветанка Ристова-Магловска.

Асистент м-р Цветанка Ристова-Магловска како панелист на форумот зборуваше за можноста да се стави културното наследство во функција на туризмот и потребата да се создаде таков производ за сите оние туристи што доаѓаат во македонските бањи за рекреација и заздравување, да имаат можност во слободното време да го посетат културно-историското наследство на државата. Во кратка презентација беа прикажани неколку видови на македонско културно-историско наследство каде што во минатото била застапена спа традицијата.
За време на форумот посетителите можеа да ја слушнат и презентацијата на Јанка Залесакова, потпретседател на Европската спа асоцијација, која зборуваше за европските традиционални бањи во минатото и денес, но и за нивното место во здравствениот туризам и системот за здравствена заштита.

Исто така, посетителите имаа можност да се запознаат со актуелните трендови во велнес и спа туризмот, да се запознаат со претходниците на спа туризмот во регионот, но и да слушнат инспиративни предавања и презентации од говорници како Мајк Валас, експерт и консултант за велнес и спа, Јоаким Либер, почесен генерален секретар на Европската спа асоцијација и претседател на Здружението „Квалитет во здравствената превенција“ и Тобиас Биленштајн, управен директор на Римските термални бањи во Европа.
На форумот своја презентација имаа и добитниците на овогодишната награда ЕСПА „Награда за иновација“.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…