Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, истакна дека значењето на докторите на науки и на Универзитетот е огромно за развојот на градот и на државата.
Денес беа промовирани: доц. д-р Силвана Жежова, доктор по технички науки од областа на наука и технологија за текстил; д-р Нада Донева, доктор на правни науки; проф. д-р Мирко Јакимовски, доктор по кинезиологија; д-р Илија Милев, доктор на медицински науки; д-р Билјана Цоневска-Гуњовска, доктор на правни науки и д-р Дијана Ѓоргиева, доктор на правни науки.