Можноста за намалување емисија од стакленички гасови ги собра штипските институции заедно во заштитата на животната средина

Салата 2 на Советот на Општина Штип беше место каде што повеќе институции разговараа за можноста заеднички да искористат средства со кои ќе ги обноват работните простории на јавните институции од градот, но и ќе создадат можност дел од граѓаните на Штип да ја искористат можноста и да се приклучат во процесот за намалување на ефектите од стакленички гасови.

Претставници од Центарот за развој на Источниот плански регион, Универзитетот „Гоце Делчев“, Општина Штип, како и раководителите на градинките, основните и средните училишта од нашиот град се сретнаа и поразговараа за заедничка изработка на проектна идеја која би била финансирана од страна на Зелениот фонд. Зелениот фонд е основан од страна на ФАО (светска организација за храна) и располага со буџет од 10,4 милијарди долари. Пристап до него имаат неразвиените земји и земјите во развој, а Република Северна Македонија првпат остварува право за користење средства од него.

Присутните се согласија проектната идеја да носи наслов „Програма за намалување на јаглеродниот отпечаток на Општина Штип“ и ќе тежнее да ги постигне овие специфични цели: 

  1. Намалување на количината на енергија потребна за загревање/ладење на работните простории и просториите за живеење преку монтажа на енергетски ефикасна фасада и замена на прозорци и врати кај јавните претпријатија;
  2. Намалување на вкупните количества емисии од стакленички гасови преку замена на постојните системи за загревање кои користат нафта со гас/пелети кај јавните претпријатија;
  3. Подигнување на нивото од енергетска независност преку инсталација на фотоволтации на погодни јавно-комунални површини, кровови од јавни претпријатија и домаќинства;
  4. Подигнување на свеста кај локалното население за значењето од намалување на употребата на дрва за огрев и нивна замена со пелети/климатизери;
  5. Изградба на систем за предупредување за лош квалитет на воздухот со препораки за постапување.
Последен пат изменето на Понеделник, 11 Ноември 2019 10:04
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…