Студентите беа под менторство на проф. м-р Ванѓа Димитријева, по покана од Факултетот за уметности.
Соработката со Факултетот за уметности е остварена минатата година кога првпат тие гостуваа на завршна модна ревија на Технолошко-технички факултет. Студентите од Технолошко-технички факултет ќе имаат уште многу можности да се претстават на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ благодарение на соработката со асистент м-р Мариа Онтева и поканата на деканот на факултетот д-р Васил Марков, кој има интерес оваа соработка да ја продолжи со размена на студенти, размена на наставнички кадар и идни заеднички проекти.