Женската и машката екипа на УГД во одбојка викендот гостуваат во Тетово и Струмица

Продолжуваат натпреварите во првата одбојкарска лига мажи и жени. Првиот натпревар ќе се одигра утре (15.11.2019 г.) во Тетово. Машката екипа на УГД ќе се сретне со екипата на ОК Лирија од Тетово. Натпреварот ќе се игра во Тетово со почеток во 19.00 часот.

Женските прволигаши ќе играат во сабота. Екипата на УГД Студент ќе гостува на екипата на Виктори Волеј во Струмица. Овој натпревар ќе се одигра од 16.00 часот во салата Партизан во Струмица.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…