Црвен крст - Штип со Крводарителска акција во Кампус 2

Црвен крст - Штип во соработка со Службата за трансфузиона медицина организира Крводарителска акција иницирана од техничките факултети при УГД, во рамките на Кампус 2.

Сите потенцијални крводарители најпрво имаат консултација со лекар во однос на нивната општа здравствена состојба, според која се утврдува дали во моментот дарителот е во состојба да дарува крв.

Акцијата ќе се одржи утре (среда - 20.11.2019 г.) од 9 до 14 часот.

Дополнителни информации на 032 391 266.

Бидете хумани, спасете живот.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…