Дејан Мираковски, проректор на УГД-Штип, истакна дека ова е систем што треба да овозможи развој на нови идеи кои доаѓаат и од стопанството и од универзитетите, а како што рече истите да се комерцијализираат.
- Во ова гледаме развој на нов сектор на услуги што би можеле да ги комерцијализираме, поедноставно и попрактично компаниите да дојдат, кои имаат одредени проблеми и бараат решенија на тие проблеми. Дали да се тестира проблемот за да се реши практично, потоа дали да им дадеме информации за понови технологии. Токму овие стартапи и Центарот за трансфер на технологии би биле мост да се поврзат овие субјекти, а ќе се добие комерцијален производ, услуга, од што и двете страни ќе имаат бенефит - вели Мираковски.
Целта им е научните истражувања да излезат од книгите и да почнат да носат пари.
Игор Андреев од „Х фактор акцелератор“ од Велес истакна дека со оваа панел-дискусија очекува малку да се раздвижат стартапите и во останатите региони во земјава не само во Скопје. Забележува дека постојат веќе една година како акцелератор и се позитивно изненадени од резултатите што ги имаат.
- Во првиот инвестициски циклус ни се јавија педесетина апликанти, од кои 13 влегоа во предакцелераторска програма, осум презентираа пред Комитетот за одобрување на инвестиции, а веќе сме во финална одлука за инвестирање во два или три најатрактивни стартапи, коишто имаат иновативен и голем потенцијал за раст - вели Андреев.
На денешната панел-дискусија присуствуваше и Бранислав Марковски од Фондот за иновации и технолошки развој, кој најави нов финансиски инструмент наменет за компаниите коишто сакаат да спроведат иновациски активности во соработка со високообразовните институции. Критеримуите за вредносниот ваучер од 10.000 евра ќе ги објават до крајот на годината, а засега има работен наслов „Инвестициски ваучери“.
Галерија
Видео