- Остваривме средба со амбасадорката во насока на нејзино подобро запознавање со Универзитетот, каква е неговата структура, какви кадри продуцираме и од кои области на науката и образованието се застапени. Таа искажа многу големо интересирање во поглед на тоа што и како работиме и какви се нашите идни планови за развој - вели Боев.
Ректорот смета дека студентите имаат одлична можност да слушаат предавања од искусни дипломати, но и да се информираат за можностите за студирање во САД и нивен напредок во делот на науката. Универзитетот „Гоце Делчев“ традиционално има одлична соработка со Амбасадата на САД и студентите често се дел од програми на Амбасадата.