- Темата на која дискутираат специјалисти на панел-дискусијата е предоперативна и постоперативна подготовка на пациенти. Дискусијата ја водат анестезиолог, хирург, ендокринолог и трансфузиолог. Конференцијата е акредитирана од Лекарската комора со 4 поени – изјави Диана Илоска, претседател на СОМА.
Студентот Филип Николов вели дека ова е соработка помеѓу студентите, професорите на УГД и лекарите од САД:
- Учесници на панелот се д-р Илија Милев, д-р Валентина Велковска-Накова, д-р Радмила Зенделска, д-р Мери Шорова, д-р Дон Сојер - специјалист хирург, а модератор е д-р Тимоти Гало. За студентите оваа конференција е ново искуство, ќе можат да стекнат нови знаења и познавања од стручњаци во областа на хирургијата.
Конференцијата се одржа во Мултимедијалниот центар на УГД, а учествуваа универзитетски професори и асистенти, лекари специјалисти, специјализанти, матични лекари, дипломирани доктори на медицина, како и студенти на општа медицина од клиничките години. Настанот беше организиран од СОМА (Студентски организирана медицинска асоцијација) во соработка со лекари од САД.