- Разговаравме за идни соработки поврзани со наши студенти. На УГД веќе се изучува францускиот јазик, но ние веќе имаме и испраќање на наши студенти во Франција. Конкретно разговаравме за неколку чекори во текот на наредната година, со промовирање на францускиот јазик на УГД, со заеднички активности. Во 2021 година со новите акредитации на студиските програми, францускиот јазик ќе биде изборен предмет на сите факултети – изјави проф. д-р Мишко Џидров.
Директорот на Францускиот институт Емануел Рембер изјави дека ова му е трета посета на Штип во текот на неговиот двегодишен престој во Македонија.
- Имавме корисна средба со проректорот Џидров, утврдивме план според кој ќе го промовираме францускиот јазик и неговото изучување веќе од наредниот семестар. Она за што зборувавме беше фактот дека оние студенти кои ќе го изберат францускиот јазик од наредниот семестар ќе добијат поддршка од наша страна со културни активности, пристап до книги, француски филм, но да не заборавиме дека ќе можат да имаат и гастрономско искуство, ќе имаат можност да ги вкусат и француското вино и сирење – изјави директорот Рембер.