Пријавување за државна матура до 31 декември

Уписите на факултет за учебната 2019/2020 година поминаа во знакот на неможноста на голем број матуранти да се запишат на факултет поради тоа што наместо државна одбрале да полагаат училишна матура.

Законските одредби остануваат, па така и за запишување на факултет во наредната година ќе биде неопходно кандидатите да имаат положено државна матура.

Според Законот за високо образование и Условите и критериумите во Конкурсот за упис на нови студенти, изборот на државна матура е многу важен при селекција на кандидатите за запишување во високото образование. Во таа насока, за матурантите

пријавувањето за изборот на матура во училиштата е многу важен момент, а месец декември е терминот во кој треба да се пријават. Од 16 до 31 декември матурантите треба да се пријават за државна матура во своите училишта. Истото тоа можат да го направат и постарите генерации на завршени средношколци, кои полагале училишна матура и поради тоа не успеале да ја остварат својата желба да се запишат на факултет.

Сите информации поврзани околу државната матура можат да се најдат на веб-страницата

http://www.matura.gov.mk/documents.aspx 

Последен пат изменето на Петок, 13 Декември 2019 09:25
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…