Факултетот за образовни науки ја одигра претставата „Приказна за рибарот и рипката“

Во преполна сала со дечиња од Детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип студентите од Факултетот за образовни науки ја одиграа премиерата на претставата „Приказна за рибарот и рипката“.

Претставата се играше во Мултимедијалниот центар на УГД, а салата беше исполнета од дечињата кои беа презадоволни од она што имаа можност да го видат на сцената.

Претставата се игра по текст на Александар С. Пушкин, а сите улоги ги толкуваат студентите од трети, петти и седми семестар од Факултетот за образовни науки. Режијата, драматизацијата и адаптацијата на текстот се на проф. д-р Кирил Барбареев, музиката е на проф. д-р Томислав Таневски, а кореографијата на проф. д-р Билјана Попевска. Претставата се изведува со техничка поддршка од Александар Максимов и е во целосна продукција и реализација на Универзитетот „Гоце Делчев“

Покрај дечињата, големо задоволство изразија и наставниците и наставничките кои беа заедно со децата и пројавија интерес во иднина соработката со Факултетот за образовни науки да биде на едно повисоко ниво во интерес на децата и воспитно-образовниот процес.

Следните претстави ќе го имаат следниот распоред:

  • 27 декември во 10.30 часот – претстава за Детска градинка „Астибо“ – Штип;
  • 27 декември во 12 часот – претстава за Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Сите претстави се играат во Мултимедијалниот центар на УГД.

Последен пат изменето на Среда, 25 Декември 2019 13:15
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…