Ќе се промовира книгата „Разводот на брак во европските земји“

Во среда (12 февруари 2020 година), со почеток во 12:00 часот, во свечената Конференциска сала на Правниот факултет при УГД во Штип ќе се одржи промоција на Книгата „Разводот на брак во европските земји “.

Ова универзитетско учебно помагало е коавторско дело на професори од двата државни правни факултети: Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ – Скопје и Правниот факултет при УГД – Штип, (проф. д-р Дејан Мицковиќ и доц. д-р Милица Шутова).

Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Ангел Ристов од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ – Скопје.

Во прилог ви ја праќаме поканата.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…