- пополнет образец за студент;
- фотокопија од индекс (Прва страна);
- уверение за положени испити;
- кратка биографија;
- мотивациско писмо;
- две препораки од професори/асистенти;
- потврда за познавање на странски јазик;
- копија од сертификати.
Отворена е можноста за учество во Еразмус размена и за наставниот и административниот кадар на УГД, и тоа 10 мобилности за наставен кадар и 5 за административен кадар.
Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Одделението за меѓународна соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:
Универзитет „Гоце Делчев’- Штип
Одделение за меѓународна соработка (Еразмус +)
(Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија
Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.
Конкурсот е отворен од 20 февруари до 20 март 2020 година, а повеќе информации може да се добијат на http://cmus.ugd.edu.mk/index.html.