Средба на ректорите на УГД и на „Св. Иван Рилски“

Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип , проф. д-р Блажо Боев оствари средба со ректорот на Рударско геолошкиот универзитет „Св. Иван Рилски“ од Софија, Бугарија. На средбата стана збор за зајакнување и проширување на соработката која и досега ја имаа двата универзитети, а во насока на евроинтеграциските процеси кои и претстојат на РСМ.

- Разговаравме во поглед на тоа да ги подигнеме на повисоко ниво врските и нашата соработка во делот на Рударско геолошкиот факултет во поглед на заеднички програми, лаборатории, истражувачки проекти, се она што ЕУ може како иницијатива да го поддржи во регионалното поврзување на овој дел на Западен Балкан. Ова е исклучително добра иницијатива за иднината на нашите универзитети, секако и за поврзување со другите европски универзитети, а сепак Бугарија ни е релативно блиска земја која може да ги поддржи нашите интеграции и нашето интегрирање во Европската унија – изјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

За ректорот на Рударско геолошкиот универзитет од Софија, проф. д-р Ивајло Копрев, вмрежувањето на европските универзитети е најдобрата опција и насока:

- Иднината е една – мрежа од европски универзитети, и ние можеме да бидеме првите кои ќе го направиме првото вмрежување, и заедно да работиме заеднички лаборатории, проекти, размена на професори, студенти, програмата Еразмус кај нас одлично функционира со вашиот универзитет, така што, тоа е иднината, тоа е патот по кој треба да одиме заедно напред. Вие имате наука на високо ниво, има голем потенцијал во бизнисот, затоа што има заеднички проекти, и само така ќе се интегрираме.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…