(Видео) ЦЕФЕ Македонија соработка со Економскиот факултет на УГД

Економскиот факултет на УГД потпиша меморандум за соработка со организацијата „ЦЕФЕ Македонија“. Организацијата работи на промовирање на претприемничкиот дух и подготвување на младите за започнување на сопствен бизнис.

- Овој меморандум е рамка во која се дефинирани сите активности за соработката која се заснова на искористување на научниот потенцијал, истражувачките, просторните капаците на двете страни во насока на унапредување на истражувачките, едукативните и научните проекти. Во овие проекти можат да се вклучат претставници од Универзитетот и од ЦЕФЕ организацијата, изјави деканката на Економскиот факултет, Проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска.

Следниот период ќе биде искористен да се одржат обуки за зголемување на претрпиемничкиот дух кај младите на кои ќе можат да присуствуваат сите заинтересирани.

- Многу е важно дека ние се најдовме на иста фреквенција со професорите од факултетот за тоа што сакаме да го дадеме како вредност на студентите. Тоа е еден искуствен начин на работа, но и една култура на претприемништво. Ние ќе им помогнеме да гледаат можности и тие можности да ги претворат во вредност за општеството, изјави претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Сталески.

Студентите ќе можат да се информираат за обуките преку веб страниците на Универзитетот и преку своите професори.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…