Според него, значајно е и местото на високото образование, а професорите на Факултетот за медицински науки, како и студентите кои дипломираат на него се подготвени за предизвиците и треба да се вклучат во здравствениот систем и можат да го дадат својот придонес.
Проф. д-р Вело Марковски има објавено повеќе стручни трудови токму од областа на респираторните заболувања, како и за инфлуенцата – грипот, а во разговор за Универзитетското радио и телевизија одговараше и на прашања кои на социјалните мрежи ги поставуваа студентите.