„Во ова време на невреме, време на исклучителни човечки предизвици, време во кое на глобално ниво сите народи се борат со растечката пандемија од коронавирусот, треба да ги извадиме на површината најдлабоките чувства од нашите души, да го извадиме она најхуманото и највозвишеното и да ја направиме браната која ќе не одбрани од оваа пандемија.
Ви посакувам среќен 27 март.
Ви го честитам денот на Универзитетот 'Гоце Делчев' во Штип“, се вели во електронската порака на ректорот на Универзитетот.
Универзитетот „Гоце Делчев“, како што веќе информиравме, одржува електронска настава веќе две недели. Според информациите сѐ се одвива во најдобар ред и голем дел од факултетите се адаптираа и ги извршуваат предавањата.