Тие, заедно со делегации од локалната самоуправа, институциите кои го носат името на великанот Делчев, како и од политичките субјекти, положија цвеќе пред релјефот на Гоце Делчев, кој се наоѓа на објектот на Ректоратот на УГД. Во истиот објект, Гоце Делчев учителствувал во времето кога престојувал во Штип, а во објектот УГД има Спомен-соба во која се поместени документи, фотографии, училишни клупи, оружје, кои сведочат за делото на големиот револуционер. Универзитетот од своето основање со гордост го носи името „Гоце Делчев“.
Одбележувањето на 117 години од смртта на Гоце Делчев годинава помина во специфични услови, со држење на дистанца меѓу присутните и користење на заштитни маски, поради актуелната пандемија на Ковид 19.