За студентите на прв циклус студии колоквиумите ќе се во терминот од 31 март до 30 април. За прв циклус студии се организира и дополнителна априлска испитна сесија, која ќе трае од 15 април до 15 мај 2020 година, а во зависност од потребите, со оглед на актуелната ситуација со Ковид 19, ќе бидат спроведени и дополнителни испитни сесии во текот на 2020 година. Пријавувањето на испити за дополнителната априлска сесија ќе се врши од 1 до 14 април. Рокот за запишување на семестар се продолжува до 15 јуни 2020 година.
Според потребите, УГД ќе организира дополнителни сесии за студентите
- - Мар 31, 2020
Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ги утврди термините за организирање на дополнителна априлска сесија, колоквиумска недела и за продолжување на рокот за запишување на зимски семестар за учебната 2019/2020 година.
Одбележен под