Од името на Универзитетскиот спортски центар и од Македонската федерација го изразувам нашето задоволство за организација на ваков настан, кој е прв од ваков вид во Македонија. Ова е исклучително важен момент за македонскиот пинг-понг. До овој момент сите поканети репрезентации, освен Грција, го потврдија своето присуство и ќе учествуваат на ова Балканско првенство. Од аспект на организацијата, целокупниот дел е организиран на највисоко можно ниво. Во овој момент изразуваме благодарност до Светската пингпонгарска федерација, која донираше осум маси за Македонската федерацијаизјави на прес-конференцијата доц. д-р Кирил Барбареев.
Првенството започнува утре во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Според зборовите на учесниците, тие се подготвени за добри резултати.
Се подготвуваме веќе три-четири дена во Штип. Тренираме по двапати дневно. Многу сме задоволни што ова Балканско првенство се организира во Македонија. Очекуваме во екипна конкуренција да влеземе во четирите најдобри. Во поединечно очекувам исто така голем пласман, односно меѓу четирите најдобри. Тоа ни се минималните очекувањавели Кристијан Станојковски, натпреварувач за македонската репрезентација.
Тренерот на репрезентацијата вели дека и покрај тоа што има силна конкуренција очекуваат дека ќе постигнат добри резултати.
На Балканот има држави кои се многу силни во пинг-понг. Романија е европски првак, Србија има долгогодишна традиција во пинг-понг, па и Бугарија има многу силна екипа. Сите овие репрезентации тренираат многу повеќе од нас и вложуваат повеќе од нас во пингпонгот како спорт, затоа се подобри. Ова е голема можност за нашата земја да се афирмира преку пинг-понг. Сакам да им се заблагодарам на сите организатори кои вложија многу напор пингпонгарското првенство да се одржи во Штипизјави тренерот на македонската репрезентација Вијорел Уце.
Отворањето на Балканското првенство е утре (21.10.2015 година) во 17 часот во Спортската сала „Јордан Мијалков“. Поканети се сите љубители на спортот да присуствуваат на овој настан.