Ова е историски момент за македонскиот спорт, особено за македонскиот пинг-понг. Не случајно се вклучивме во организација на овој настан. Универзитетите поддржуваат и ќе поддржуваат вакви работи. Ние сме на некој начин технички организатори заедно со македонската и балканската пингпогарска федерација. Не беше лесна оваа организација, но се надеваме дека ќе бидеме добри домаќини, затоа што проценивме дека имаме и капацитет и квалитет и верба дека ова можеме да го организирамеистакна проректорот доц. д-р Кирил Барбареев
Градоначалникот на Штип ја потенцираше важноста од практикувањето на спортот и посочи дека овие млади луѓе се доказ колку луѓето на Балканот можат да коегзистираат заедно.
Да имате едно балканско првенство навистина е огромно задоволство и за публиката и за сите граѓани на Штип. Верувам дека организацијата која ја прават пинг-понг клубовите и УГД е највисоко можно ниво. Општината се јавува како спонзор на овој настан. Мислам дека децата ќе покажат колку Балканот е сличен во спортот и колку можат да бидат блиски и да се дружатистакна градоначалникот Илчо Захариев
Речиси сите гости-натпреварувачи се задоволни од условите и организацијата. Некои од нив повеќе, некои помалку оптимистични за личниот успех.
Драго ми е што воопшто дојдов овде. Организацијата и условите се одлични. Градот и луѓето овде се пријатни и добронамерни. Имаме еден повреден играч, така што не верувам дека ќе направиме голем резултат, но драго ми е што сум овдеизјави Урош Јанковиќ, натпреварувач од Босна и Херцеговина
Моите импресии се одлични. Федерацијата на Македонија се потрудила ова да биде организирано на највисоко можно ниво и искрено се надевам дека ние како репрезентација ќе го освоиме златото на ова првенствовели Илија Мајсторовиќ од репрезентацијата на Србија
Пингпонгарската федерација на Македонија како еден од организаторите на овој настан вели дека е голема работа што ова доаѓа во Македонија и дека во иднина се планираат и други големи настани од овој ранг во нашата држава.
Посебно задоволство е тоа што Македонија е првпат организатор на ова првенство и се надеваме дека повторно ќе организираме Балканско првенство, па зошто да не и Европско првенство и други првенстваистакна Јован Дабевски, претседател на Пингпонгарската федерација на Македонија
Дел од натпреварите што ќе се случуваат во Спортската сала „Јордан Мијалков“ можат да се гледаат и преку интернет на следниов линк https://www.youtube.com/watch?v=7cOqmYfuPSs.