Студентка од УГД на пракса во ЦЕРН

2.9.2015 - Студентката Ивана Пејева од Факултетот за информатика при УГД е единствената студентка од УГД која помина двомесечна пракса во оваа реномирана научна институција. Според нејзините зборови, ова искуство ќе ѝ донесе огромна предност за работа во иднина во полето на информатичката наука.

CERN Open Lab Summer Student програмата во ЦЕРН е програма за студенти од информатика. Два месеци работевме на практичен проект и слушавме предавања од познати научници. Секој студент работеше на посебен проект, а јас конкретно работев на тестирање на перформансите на Seagate кинетичката технологија и интеграција со системот за складирање на податоците кои доаѓаат од истражувањата. Во ЦЕРН секојдневно стигнуваат многу податоци од експериментите и има потреба тоа соодветно да се складира вели Ивана Пејева

Да се стигне до ЦЕРН не е така лесна работа, затоа што има пријавено студенти од целиот свет. Ивана била единствената од Македонија во тој момент на оваа програма.

За оваа програма беа пријавени околу 1.600 кандидати. Секој ментор избира кандидат кој е соодветен за неговиот проект. Потребно е добро CV, добро мотивациско писмо и желба да се стигне до таму. Конкуренцијата, секако, е голема и од целиот свет вели Ивана

Програмата е отворена за 40 кандидати од целиот свет. Ивана Пејева веќе дипломира на Факултетот за информатика при УГД и своето образование планира да го продолжи на вториот циклус на студии. Престојот во ЦЕРН секако ги проширил нејзините видици, па сѐ уште размислува каде да го продолжи своето образование.

Последен пат изменето на Петок, 16 Октомври 2015 15:01
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…