Меѓународна научна конференција на Факултетот за образовни науки

18.9.2015 - Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“, по повод дваесет години високо образование на наставници и воспитувачи, на 24 и 25 септември 2015 год. организира Меѓународна научна конференција на тема „Образованието во 21 век - состојби и перспективи“.

На конференцијата се пријавени деведесет трудови со учесници од девет земји во Европа. Трудовите опфаќаат повеќе теми од образованието, филозофија, социологија, менаџмент и историја.

Свеченото отворање на конфернцијата ќе биде во четврток (24 септември) во 11 часот, во Мултимедијалниот центар при Економскиот факултет, Универитет „Гоце Делчев“ - Штип. Регистрација на учесници од 9 до 11 часот.

Повеќе за учесниците и нивните излагања може да се најдат во ПРОГРАМАТА и КНИГАТА НА АПСТРАКТИ.

 

Последен пат изменето на Четврток, 15 Октомври 2015 11:10
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…