Настанот претставува почеток на остварување уште една цел - зајакнување на локалната заложба за одржлив развој преку потенцирање невообичаени локални проекти, како и вмрежување на сите значајни актери за идните акции.
Дополнително, настанот го промовираше значајниот дијалог и соработка помеѓу владините и локалните претставници, како и поддршката од страна на над 20 претставници од меѓународната заедница во насока на понатамошна успешна соработка и унапредување на локалниот одржлив развој, меѓу кои активно е вклучен и Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип. Имено, деканот на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, во соработка со директорката на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје, г-ѓа Ева Елерајт, е дел од платформата за креирање одржлив развој на програма која ќе ги унапреди економските можности во регионот, истовремено штитејќи го природното богатство – пред сѐ преку промоција на целите за одржлив развој.