Договорот го потпишаа ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, на средбата која ја одржаа во Ректоратот на УГД. Со потпишувањето на овој Договор се отвораат можности за соработка во повеќе области – заеднички проекти, размена на искуства, најмногу низ призмата на потребите на студентите, но секако и на стручниот кадар. За студентите најголема придобивка е што со Меморандумот за соработка се создаваат и можности најдобрите студенти во иднина да можат да најдат свое вработување во Агенцијата за национална безбедност.
Потпишан Договор за соработка помеѓу УГД и Агенцијата за национална безбедност
- - Сеп 24, 2020
Договор за соработка потпишаа Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Агенцијата за национална безбедност.
Одбележен под