(Видео) Одбележани 25 години од основањето на Педагошки факултет (ФОН)

Во рамките на одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Педагошкиот факултет, т.е. Факултетот за образовни науки, на 13 октомври се одржа свеченост во чии рамки се одбележа и пензионирањето на проф. д-р Блаже Китанов, еден од петтемина професори кои учествуваа во основањето на Педагошки факултет „Гоце Делчев“ во 1995 година, кога Педагошката академија прераснува во Факултет.

По тој повод им беа доделени благодарници на сите вработени, професори и асистенти за нивниот придонес во развојот на факултетот. Беше прикажан и краток филм за личниот и професионален растеж на проф. д-р Блаже Китанов и му беше врачен скромен подарок од колективот.

 

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…