Затворањето на одбојкарската полусезона во Штип со пренос во живо на интернет

Одбојкарските екипи на УГД во машка и женска конкуренција овој викенд ги играат последните натпревари за оваа полусезона. Со оглед на ситуацијата со Корона вирусот УГД ТВ ќе врши пренос во живо на интернет од двата натпревари.

Во сабота (12.12.2020 г.) први играат машката екипа на ОК Штип УГД против екипата на ОК Јанта Волеј од Скопје. Натпреварот ќе се одигра со почеток во 14.00 часот.

Истиот ден од 17.30 часот ќе се состанат женските екипи на ОК УГД Студент против екипата на ОК Виктори Волеј – Струмица.

Двата натпревари се во рамките на првата одбојкарска лига на Република Северна Македонија , а преносите ќе имате можност да ги следите на официјалниот спортски канал на УГД ТВ:

www.youtube.com/UGDSport

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…