Огромна е важноста на крвта и крвните компоненти во лекувањето на најтешките пациенти, особено во услови на пандемија. Повеќето фирми, како и средните училишта и факултетите се префрлија на онлајн работење и учење, и навистина е многу тешко да се мотивираат крводарителите.
Крводарителските акции ќе се одржат на 22 и 23 декември 2020 година во регионалните центри на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје од 9 до 18 часот, во Битола од 9 до 15 часот, Тетово од 9 до 15 часот, а во Кавадарци, Велес, Куманово, Струмица, Кочани, Струга, Охрид, Гостивар, Кичево, Прилеп и Гевгелија во службите за трансфузиона медицина на 21 и 24 декември од 9 до 15 часот. Што се однесува за Штип, крводарителската акција ќе се одржи на 22 и 23 декември, во просториите на Центарот за трансфузиологија во Штип, од 9 до 15 часот.
На 18 декември, во 18 часот, онлајн, на платформата Microsoft teams предавање за крводарителството ќе одржи aсс. д-р спец. Мери Шорова.