УГД рангиран на втората позиција од македонските универзитети на Вебометрикс и Униранк

Универзитетот „Гоце Делчев“ ја задржува втората позиција во Северна Македонија на речиси сите ранг-листи. Двете големи организации кои се релевантни во областа на рангирање на универзитети се Вебометрикс и Униранк

Овие институции вршат годишни рангирања преку кои анализираат неколку параметри на универзитетите. Параметрите се анализираат генерално преку веб присутноста на универзитетите со нивните капацитети.

Рангирањето, кое е објавено на нивната веб-страница, се прави по неколку основи и тоа присутност на интернет (големина на веб простор, зафатеност на веб од страна на институцијата и слично), влијание (надворешни мрежи и контакти, колку други институции ја поврзуваат институцијата во нивни линкови и контакти), отвореност (број на цитати од топ автори) и научност (број на научни трудови во топ 10% цитирани автори од 26 научни дисциплини).

На глобално ниво УГД се наоѓа на 3462. позиција, а во Северна Македонија прв на оваа листа е најстариот универзитет во државата Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Според Вебометрикс рангирањето е на следниов начин:

  1. Универзитет „Св. Кирил и Методиј” - Скопје
  2. Универзитет „Гоце Делчев” - Штип
  3. Универзитет на Југоисточна Европа
  4. Државен универзитет во Тетово
  5. Универзитет „Св. Климент Охридски” - Битола
  6. Меѓународен балкански универзитет
  7. Американски универзитет на Европа - ФОН
  8. Универзитет американ колеџ
  9. Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ - Охрид
  10. Меѓународен славјански универзитет (МСУ) „Гаврило Романович Державин“
  11. Универзитет „Мајка Тереза“
  12. Универзитет за туризам и менаџмент - Скопје
  13. Меѓународен универзитет - Струга
  14. Висока школа за новинарство и за односи со јавноста
  15. Евро колеџ Куманово
  16. Бизнис академија „Смилевски“ - Скопје
  17. МИТ Универзитет
  18. Меѓународен универзитет „Визион“ - Гостивар
  19. Интегриран бизнис факултет (НЕОКОМ) - Скопје
  20. Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“
  21. Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА - Скопје
  22. Европски универзитет на Северна Македонија.

Покрај рангирањето на Вебометрикс, слични позиции на македонските универзитети има и Униранк, каде што се рангирани 15 универзитети од Северна Македонија. И на ова рангирање УГД се наоѓа на втората позиција во Северна Македонија.

Рангирањата се слични речиси на сите истражувања за квалитет на високото образование кои се прават од различни институции во светот. Слични резултати покажа и истражувањето на најреномираниот универзитет во областа на универзитетското рангирање, Универзитетот во Шангај.

Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…