Се повикуваат сите заинтересирани студенти и вработени на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип да се пријават за ЕКИПНО УЧЕСТВО НА УГД на Авицена женската трка и Wizz air маратонот, со можност за учество на TEAM BUILDING трката на 5 км, полумаратонската трка или штафетната трка.
Пријавувањето за трките е преку регистрација на посебни линкови, најдоцна до 8 Август, 2021 година.
Авицена женска трка.
Ќе се реализира на 5 Септември, 2021 година во Скопје. Можност за учество имаат сите припаднички на понежниот пол, студентки и вработени на УГД. Бројот на пријавени лица е ограничен.
Пријавувањето е со регистрација на следниов линк, најдоцна до 8 Август:
Wizz air маратон.
Трката на 5км ќе се одржи на 2 Октомври, 2021 година.
Полумаратонот, маратонот и штафетната трка ќе се реализираат на 3 Октомври, 2021 година
Можност за учество имаат сите студенти и вработени на УГД.
Екипата е од мешан состав, односно составена од мажи и жени. Рангирањето на тимот е во посебни категории (посебно мажи, посебно жени) и истото се прави согласно резултатот на првите 4 натпреварувачи во тимот. Останатите времиња се регистрираат, но не се рангираат.
Пријавувањето е со регистрација на следниов линк, најдоцна до 8 Август, 2021 година:
Дополнителни информации за настанот може да се најдат на следнава адреса:
За сите дополнителни прашања и информации, пишете на следниве е - маил адреси:
biljana.popeska@ugd.edu.mk (Билјана Попеска, 075/499 380) за Авицена трката
vanco.barbareev@ugd.edu.mk (Ванчо Барбареев, 072/ 252 052) за Wizz air маратонот
По утврдување на бројот на пријавените учесници, ќе се креира групна пријава за УГД на официјаниот сајт на Скопски маратон по што пријавените учесници ќе бидат информирани за деталите околу организацијата.