Проректорот на УГД положи цвеќе на Мечкин Камен по повод Илинден

Проректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, како претставник на Универзитетот беше дел од официјалното одбележување на 2 Август Илинден.

На прославата во Крушево на Македониумот свежо цвеќе во име на Универзитетот положи проректорот проф. д-р Мишко Џидров.

Пораки за обединување беа упатени од прославите организирани во Скопје, Пелинце и Крушево по повод одбележувањето на 2 Август Илинден – Денот на Републиката. Со Илинденското востание и Крушевската Република во 1903, а потоа и на вториот Илинден во 1944 година со Првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

 

Последен пат изменето на Понеделник, 09 Август 2021 10:29
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…