26 СЕПТЕМВРИ - ЕВРОПСКИ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ

ЈАЗИЧНАТА РАЗНОЛИКОСТ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА МЕЃУКУЛТУРНОТО РАЗБИРАЊЕ

По повод Европскиот ден на јазиците, студентите од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип изработија кратки видеоприказни со интересни факти за македонскиот, англискиот, италијанскиот, рускиот, шпанскиот, турскиот и германскиот јазик.

Во 2001 година Советот на Европа и Европската комисија го определува 26 септември како датум за одбележување на Европскиот ден на јазиците. Богатата јазична култура и разноликост, меѓујазичните испреплетувања и поврзувања ја прават Европа дом на различни култури коишто се разбираат и поддржуваат. Да се сочува јазичното богатство на европскиот континент и истото да се промовира надвор од него е алатка со која се поттикнува меѓукултурното разбирање.       

Лингвистичката разновидност е една од посебностите на Европа. Во таа насока е и главната идеја дека јазиците треба да нѐ приближуваат и да ни покажат како да живееме едни покрај други.

Промовирањето на автохтоноста на европските култури и запознавање со разликите е еден од начините да се запознаат културни средини со богата јазична историја. Учејќи го јазикот на другиот го запознаваме неговото опкружување, неговата култура и традиција. Целта е да им се даде значење на јазиците како фундаментален и нераскинлив дел од културното наследство на Европа и сите активности коишто се организираат на овој ден во насока на истакнување на важноста од изучувањето на јазиците.

 

 

 

 

 

  

 

 

 

 

Последен пат изменето на Понеделник, 27 Септември 2021 12:45
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…