Филолошки факултет при УГД доби признание од Фондацијата „Небрегово“

Името на Блаже Конески е меѓу најзначајните за македонската литература, култура, книжевност, јазик... Со оглед на тоа што оваа година се навршуваат 100 години од неговото раѓање, 2021 година беше прогласена за „Година на Конески“ и  во текот на цела година се организираа настани во негова чест.

На 5 мај 2021 година се одржа настанот „Ние за Конески“, организиран од Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД - Штип, со што Филолошкиот факултет даде сопствен придонес во одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески.

Настанот одржан во чест на Конески беше препознаен и поддржан од страна на Фондацијата „Небрегово“ и по тој повод на 24 септември се одржа свеченост во родната куќа на Конески, во Небрегово. На настанот им се доделени плакети на институции и поединци кои дале свој придонес во одбележувањето на овогодишниот јубилеј - 100 години од раѓањето на Блаже Конески и 20 години од формирањето на Фондација „Небрегово“.

Деканката на Филолошкиот факултет, проф. д-р Драгана Кузмановска, продеканката, проф. д-р Весна Коцева и раководителката на Катедрата за македонски јазик и книжевност, доц. д-р Ана Витанова-Рингачева, го примија со огромна чест ова признание кое е од огромно значење за Филолошки и Македонистика на УГД.

Ова е само дел од активностите на Филолошки факултет и Катедрата за македонски јазик и книжевност во чест на Блаже Конески и еден голем показател и пример за почитувањето на неговото дело.

Последен пат изменето на Вторник, 28 Септември 2021 19:37
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…