(Видео) Потпишан Договор за соработка со Бирото за регионален развој

Универзитетот „Гоце Делчев“ денес потпиша Меморандум за соработка со Бирото за регионален развој. Со овој меморандум се отвора можност за аплицирање на повици кои ќе бидат објавени од Бирото и заемна соработка на други заеднички проекти.

- Ние веќе размислуваме со кои факултети да се вклучиме на нивните повици кои ќе следуваат во наредниот период. Разговаравме и како ние можеме да се вклучиме во целиот регионален развој. Соработките ќе одат во насока на до опремување на факултетите, а потоа со таа опрема да развиваме обуки за студенти, невработени или некои ранливи категории во овој дел од државата - изјави проректорот за настава на УГД, проф. д-р Мишко Џидров.

Меморандумот го потпишаа ректорот на УГД проф. д-р Блажо Боев, од една страна, и директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи, од друга страна.

- Со новиот закон се отвораат многу врати за соработка со универзитетите. Овој меморандум нема да остане само во хартиена форма, туку во нашите идни повици кои ќе ги имаме ќе воспоставуваме заемна соработка со нас како институција и другата страна. Отвораме можности за универзитетите да аплицираат на проекти кои ќе можат да ги реализираат - изјави директорот Реџепи.

Со измените во легислативата универзитетите ќе имаат можност да аплицираат за развојни проекти и преку Источниот плански регион или преку соработка со други институции да придонесат за развојот на регионите.

 

Последен пат изменето на Среда, 06 Октомври 2021 16:24
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…