Со предавање од Народна Банка на РСМ економскиот факултет го одбележа Европскиот ден на статистиката

Со предавање на директорката на Директоратот за статистика при Народната банка на Република Северна Македонија, Султана Бојчева-Терзијан, се одбележа Европскиот ден на статистиката на Економскиот факултет при УГД.

- Го посветивме денот на студентите затоа што сметаме дека тие се иднината и дека нивните одлуки ќе ги носат врза основа на статистички податоци, а со тоа и да креираат економија базирана на докази. Овие податоци кои ние ги креираме се клучен импут во носењето на секојдневните одлуки на носителите на монетарната и фискалната политика - вели Бојчева-Терзијан.

Настанот беше во организација на Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Економскиот факултет има современ концепт на пренесување на теоретско знаење, но и негово валидирање преку користење на квантитативни методи. Овие податоци од Народната банка и од Државниот завод за статистика се многу важни за нас и како професори за изготвување на квалитетни анализи и истражувања - истакна проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет.

Економскиот факултет има соработка со различни институции и дел од таа соработка се реализира преку практични предавања за студентите и останатите заинтересирани.

Видео

 

Последен пат изменето на Четврток, 28 Октомври 2021 11:09
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…