Интервју: Курсот за сајбер безбедност ви ја зголемува безбедноста и може да ви заштеди пари

Во изминатите неколку месеци Универзитетот „Гоце Делчев“ им нуди на своите студенти  и на сите останати заинтересирани можност за курс од областа на сајбер безбедноста кој е развиен во партнерство со локални украински експерти од компаниите Ernst & Yang и Technomatix.

Станува збор за БЕСПЛАТЕН курс кој ќе им помогне на студентите да научат кои се најголемите закани во дигиталниот свет, да научат кои лични податоци се мета на хакерите, да научат како да ги заштитат своите лични податоци и своите електронски уреди.

Никола Симоновски е еден од оние кои го поминале курсот. Разговаравме со него за курсот и за неговото искуство.

Сајбер хигиена беше курс кој УГД го понуди преку соработка со меѓународни организации. Ти го заврши успешно. Може ли да споделиш дел од искуството, кое е твоето мислење за курсот и како помина?

Н.С. Ми се допадна концептот на поделба на темите во курсот и како истите беа обработени преку различни ситуации од реалниот живот во видеоматеријал.

Кои се клучните работи што ги научи на овој курс, колку овие вештини ќе ти помогнат на професионален, но и на приватен план?

Н.С. Мојата свест за личната сајбер заштита и пред посетата на овој курс беше на високо ниво, но овој курс ми отвори нови знаења за зголемување на мојата сајбер заштита. Најголема корист од здобиените знаења применувам на професионален план, бидејќи сум вработен во фармацевтската индустрија, а мојата работа меѓу другото вклучува и заштита на податоци од доверлив карактер. 

Колку беше тешко или лесно полагањето и стекнувањето со сертификатот, а како одеше процесот на пријавување?

Н.С. Полагањето беше лесно, сите одговори на прашањата беа претходно темелно обработени во курсот. Сертификатот го добив електронски набрзо по моето завршување на тестот. Пријавувањето за курсот беше лесно достапно.   

Една работа која ја научи од курсот, а која прилично те изненади?

Н.С. Научив дека моите потенцијални погрешни постапки при користење на технологијата се еден од најголемите пропусти во сајбер безбедноста. Прилично ме изненади бројот на начини и методи кои ги користат сајбер криминалците за пристап до нашите податоци.  

Зошто студентите би требало да се пријават на ова?

Н.С. Подигањето на свеста за сајбер безбедноста ви ја обезбедува вашата добросостојба и ви штеди пари (во случај на потенцијална кражба). Посетете го курсот по Cyber hygiene и ќе се запознаете со потенцијалните ризици и начините како да се заштитите и да ја подигнете вашата сајбер безбедност. 

 

Последен пат изменето на Среда, 24 Ноември 2021 12:54
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…