Правниот факултет и Воената академија дел од  НАТО проект за градење заедници отпорни на дезинформации и манипулации

Правниот факултет при УГД во партнерство со Воената академија, во рамките на проектот на НАТО за сајбер и корпоративна безбедност и менаџирање на кризи, започна со реализација на проект „Градење на заедници отпорни на дезинформационата пропаганда со фокус на родова еднаквост и хибридни закани преку сајбер просторот“.

- „Тоа е еден од првите проекти во поширокиот регион на Југоисточна Европа, проект спонзориран од НАТО програмата на Дивизијата за јавна политика, кој се однесува на политиката на градење на резилиентни или еластични заедници. Благодарение на општините Штип и Свети Николе, кои ги здружија силите со академската заедница – Правниот факултет при УГД и Воената академија, како и значителен број на невладини организации и медиуми, направивме конзорциум со кој всушност јуришаме напред кон градење на резилиентни заедници против дезинформациите, пропагандата, со посебен фокус и осврт на родовата еднаквост и застапеност, но и на хибридните закани. Сметам дека на овој начин ќе пратиме порака која дополнително ќе биде препознаена“ - изјави Методи Хаџи Јанев, професор на Воената академија и на Правниот факултет.

- „Резилиентноста е еден нов термин кој е резултат на демократските напори за справување со безбедносните предизвици, кои доаѓаат пред сѐ од промените во општеството, во исто време да го избегнете ригидниот пристап на исклучување на сите опасности, но и да ги задржите ризиците, кои всушност се дел од она што го храни прогресот. Резилиентноста значи дека општините и заедницата ќе треба да бидат способни да го прифатат импактот на негативните вектори кои се подготвуваат да ја загрозат, да успее да опстои да функционира и да го врати назад ударот уште посилно, задржувајќи ги сите позитивни аспекти на современите технологии и модерниот начин на живеење. Локалната заедница со овој проект ќе испрати сигнал до сите оние кои сакаат да инвестираат дека овде сериозно се работи на безбедноста и сигурноста и дека капиталот нема да биде подложен на манипулации. Граѓаните ќе можат да добијат чиста и јасна информација, наместо да бидат во заблуда или пак да се справуваат со дезинформации кои создаваат апатија, несигурност и чувство на сомнеж во оние на кои им ја дале довербата да ги водат. На тој начин ќе се придонесе кон јакнење на демократските процеси, но и за останување на евроатлантската агенда“,  рече Хаџи Јанев на настанот кој се одржа во салата на Советот на Општина Штип, а делумно се реализираше и онлајн, на платформата Micfrosoft teams.

Последен пат изменето на Понеделник, 29 Ноември 2021 13:20
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…