Филолошкиот факултет и НУУБ „Гоце Делчев“ одбележаа 1105 години од упокојувањето на св. Климент

Катедрата за Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УГД, во соработка со НУ Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ - Штип, во знак на одбележување на 1105 години од упокојувањето на свети Климент организираа мултимедијален настан насловен „Свети Климент – темелник, светилник и инспирација“.

- Идејата ни беше преку креативна работилница да ги вклучиме сите студенти на Катедрата за македонски јазик и книжевност, од прва до четврта година, од бруцоши до апсолвенти. Студентите се во улога на креатори на сопствени идеи, кои подоцна ги преточуваат во свои излагања во рамките на работилницата. Со студентите работеа професорите, како нивни ментори, а важно е да кажеме дека во рамките на настанот имавме и фототипска изложба на стари, ретки книги, која е во организација на НУУБ „Гоце Делчев“. Идејата ни е да ја одбележиме 1105-годишнината од упокојувањето на св. Климент, кој со својот лик и дело претставува една цела епоха. Од историски карактер погледнато, можеме да заклучиме дека неговото дело преку описменувањето на Словените, до ден-денес има свои рефлексии. Како резултат на едно такво истражување, посебно оние од трета и четврта година, ќе говорат токму на таа тема – сите рефлексии кои се појавуваат во книжевноста а се резултат на она што св. Климент го оставил како свое дело – изјави проф. Ана Витанова-Рингачева од Филолошкиот факултет.

 

Последен пат изменето на Вторник, 07 Декември 2021 19:59
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…