Правниот факултет на УГД во соработка со Меѓународната организација за миграции на Обединетите нации (ИОМ) - Скопје се вклучува во шестото издание на Глобалниот филмски фестивал за миграции (GMFF).
Во рамките на овој фестивал во четврток (9 декември) во 12:00 часот на Правниот факултет на УГД ќе се одржи проекција на филмот „За Кима. Спасување во Егејското Mоре“, кој е приказна за голем подвиг постигнат од група шпански волонтери спасители кои се преселија на грчкиот остров Лезбос по актуелната бегалска криза. Нивната целосна вокација за услуга, алтруизам и професионализам ги направија сакани херои на островот, па дури и надвор од него. Тие се на мисија со многу мали средства го предизвикуваат морето да ги спасат животите на друг вид херои, оние илјадници економски мигранти и бегалци кои секојдневно го минуваат Егејското Море од Турција до Грција со несигурни гумени чамци. Тоа е опасно и тажно патување, но тие конечно зачекоруваат европска земја.
ИОМ го стартуваше Глобалниот филмскиот фестивал за миграции во 2016 година. Во 2019 година, ГМФФ фестивал беше прикажан во 106 земји; официјалниот избор од 32 филма доведе до 600 филмски проекции, привлекувајќи глобална публика од над 40.000 луѓе.
Глобалниот филмски фестивал за миграција (GMFF) прикажува филмови и документарни филмови кои ги доловуваат ветувањата и предизвиците на миграцијата, како и уникатните придонеси што мигрантите ги даваат во нивните нови заедници. Целта на фестивалот е да го отвори патот за поголема дискусија околу еден од најголемите феномени на нашето време.