Факултетот за образовни науки како наследник на долгата просветителска традиција која започнува со основање на Учителската школа „Гоце Делчев“ во Штип (1946/1947), преку Вишата педагошка школа (1959), Педагошката академија (1961) до Педагошкиот факултет (2011) организира настан чествување по повод 150 години од раѓањето на македонскиот револуционер и учител Гоце Делчев, кој ќе се одржи во петок 4 февруари 2022 година на платформата Microsoft teams со почеток во 12 часот.
Линк:
АГЕНДА
150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
12.00 – 12.05 |
Проф. д-р Емилија Петрова Ѓоргева, Декан на Факултет за образовни науки Поздравен говор |
12.05 – 12.15 |
Проф. д-р Оливер Цацков Воведна беседа за Гоце Делчев |
12.15 - 12.35 |
Проф. д-р Тодор Чепреганов Институт за историја при Факултет за образовни науки-Штип |
12.35 - 12.50 |
Проф. д-р Кирил Барбареев Педагогија за умот, срцето и душата на еден народ |
|
Проф. д-р Трајче Стојанов Модератор |