По повод Светскиот ден на науката, УГД организира настан полн со младост и оптимизам

По повод Светскиот ден на науката - 10 ноември, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организира неколку настани со кои ќе ги потенцира важноста и значењето на науката за развојот на општеството и цивилизацијата.

Планирани се низа активности во кои централно место ќе им се даде на младите, средношколците и студентите, но и целокупната академска заедница.

Активностите ќе се реализираат во Кампус 2, каде што е седиштето на факултетите од природните и техничките науки и објект во кој се наоѓа Научноистражувачкиот центар на УГД.

Покрај отвореното студио на Универзитетското радио „УГД ФМ“ и специјалната радио програма во која се предвидени гостувања на професори, студенти и ученици, ќе биде организирана и посета на научните лаборатории од страна на матурантите од сите средни училишта во Штип.

Во 12 часот, во амфитеатар 1 на Кампус 2, проф. д-р Рубин Гулабоски ќе одржи предавање на тема „Најголемите измами во науката“.

- Измамите во науката ги имало уште од нејзините почетоци, но во последниве 10 години земаат толку широки размери, што дури и добитници на Нобелови награди се потврдени измамници. Во рамките на ова предавање ќе бидат претставени некои од најголемите измами во подрачјето на природните и медицинските науки, како и последиците за науката и општеството од таквите дејствија.вели професор Гулабоски

Свој придонес во програмата ќе имаат и студентите од уметничките академии: Ликовна, Музичка и Филмска академија кои во своето уметничко катче поставено во холот на Кампус 2 ќе ги анимираат посетителите преку своите креативни активности.

Универзитетот „Гоце Делчев“ како една од своите приоритетни цели ја има промоцијата на науката и научните истражувања, а улогата на Универзитетот во зајакнувањето на јавната свест за улогата на науката е главна мисија во одбележувањето на овој ден. 

Последен пат изменето на Петок, 06 Ноември 2015 11:31
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…