Предавање на тема „Социјално претприемништво“

Во просториите на Економски факултет при Универзитет „Гоце Делчев” беше одржан настан на тема „Социјално претприемништво“.

Предавач на вчерашното предавање беше Сем Вадар, чиешто гостување беше овозможено од Амбасадата на САД во РМ и Американското катче во Штип. Вадар одржа интересна и мотивациска презентација пред студентите од четврта година споделувајќи го своето досегашно лично и професионално искуство.

Инаку Сем Вадар е социјален претприемач, извршен директор и коосновач на Millennium Campus Network (MCN). Преку своите иновативни програми за стипендирање, годишна конференција и грантови, MCN работат на создавање на следната генерација глобални лидери на кампуси низ Америка. Вадар го има претставувано MCN на бројни светски лидери меѓу кои и претседателот Барак Обама и државниот секретар на САД Џон Кери.

Последен пат изменето на Вторник, 03 Ноември 2015 12:20
Одбележен под
Share this article
Top
We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…